Одложено пошумувањето на Козјак

Сподели со своите пријатели

Планинарите од Здружението за планинарење и заштита на планини „Козјак 2013“ ја одложија планираната акција за пошумување на површините во Козјачијата кои летово беа уништени од катастрофалните пожари.

Loading...

Како што информираат организаторите, акцијата не се откажува, туку се одложува поради лошите времснки услови. Дополнително ќе биде утврден нов датум кога ќе се изврши оваа акција.

Акцијата беше предвидена по повод Денот на револуционерното востание „11 Октомври“, кој овоаа здружение традиционално секоја година го одбележува со искачување на Козјак, местото кое игра централна улога за ослободување на градот Куманово од фашистичкиот окупатор.

Никола Ивановски