Одложено гласањето за нов лидер на Каталонија

Сподели со своите пријатели

Претседателот на каталонскиот парламент,Роџер Торент,денеска го одложил гласањето за нов претседател на регионот Каталонија,со образложение дека освен Карлес Пуџдемон не може да има ниту еден друг легитимен лидер.


Карлес Пуџдемон

Loading...

И покрај острите предупредувања од страна на шпанската влада дека нема да дозволи враќање на Пуџдемон на власт бидејќи побегнал во Белгија после октомвриската еднострана декларација за независност,Торент вели дека именувањето на нов претседател е работа која се однесува единствено на регионалниот парламент на Каталонија.

„Не прифаќаме други да ни кажуваат како Каталонците ќе гласаат.“-Вели Торент

 

Тој додаде на тоа и дека ниту шпанската влада ниту пак уставниот суд ќе одлучуваат кој ќе биде претседател,бидејќи тоа е единствено во надлежност на демократско избраните членови на парламентот.
Медиумите наведуваат дека исто така може да се случат повеќе сценарија.

Агенцијата „Ројтерс“ наведува дека најмалце шанси има Пуџдемон повторно да биде избран за претседател и да владее со Каталонија.Пуџдемон е во Брисел и за него е распишан налог за апсење,па оној момент кога ќе стапне на тлото на Шпанија ќе биде уапсен.Неговите следбеници предложија тој да раководи и да владее од Брисел со тоа што би се вклучувал на видео-конференции.Тоа Уставниот суд го отфрли како можност ,нагласувајќи дека мора лично да присуствува на седниците на кои треба да положи заклетва за регионален лидер.

Поверојатно е дека парламентот ќе го избере за претседател ама нема да може да владее,па тогаш ќе избере и друг кандидат.Последното сценарио според британска агенција е дека нема „исклучување на неочекуваното“-велат од „Дневни Лист“

Извор:Danas.rs