Одложена седницата на косовското Собрание за демаркацијата

Сподели со своите пријатели

Седницата на косовското Собрание, закажана за синоќа, на која требаше да биде ратификуван Договорот за демаркација на границата со Црна Гора, е одложена, јави дописникот на МИА.

– Вонредната седница на Собрането на Република Косово,предвиена за 18 февруари 2018 годна во 18 часот нема да се одржи. За денот на одржувањето навреме ќе бидете информирани, стои во соопштението на Претседателството на Парламентот.

Според извори во Собранието, седницата ќе се одржи „некој друг ден“.

Неофицијално, причини за одлагање на седницата, е тоа што за ратификција на Договорот најавиле дека ќе гласаат партиите од владината коалција, Демократскиот сојуз на Косово и пратениците од немнозинските заедници, што не е доволно за обебзедување двотретинско мнозинство гласови.

За ова мнозинство е потребна поддршка од дел од пратениците на Движењето Самоопределување или на Српската листа, чии преставници изјавија дека демаркацијата на границата „не ја гледаат како приоритет“.

Спикерот на Парламентот, Кадри Весели ја закажа собраниската седнца само ден откако косовскот претседател Хашим Тачи и неговиот црногорски колега Филип Вујановиќ потпишаа заедничка изјава со која го повикаа Собранието на Косово да го ратификува Договорот за демаркација на границата меѓу двете земји.

Договорот едногласно го поддржа и Владата на премиерот Рамуш Харадинај, кој беше еден од најострите противници на договорената демаркација.

Шефицата на мисијата на ЕУ на Косово, Наталија Апостолова, пак, по средба со Тачи и претставници на политичките партии изјави дека постои консензус за ратификација на договорот./МИА

Leave a Reply