Изложбата „Жените и фотографијата“ која вечерва требаше да биде отворена во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во пресрет на „8 март“ се одложува за седум дена.
Loading...
Ваквата одлука на организаторот следува по препораките на Владата за уште седум дена да се одложат сите јавни собири и културни настани, а спортските натпревари да се играат без публика, со цел заштита од ширење на коронавирусот.
Изложбата, доколку нема нови препораки од Влада, ќе се одржи на 13ти март со почеток во 19:30 часот.
Никола Ивановски