Одложена амандманската расправа за законското решение за задолжително пензионирање на 64 години

Сподели со своите пријатели

Собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска не ја почна расправата по амандманите на измените и дополнувањата на Законот за работни односи, кои треба да овозможат задолжително пензионирање на 64 години и 15 години стаж, а се поднесени од група пратеници, бидејќи не биле преведени сите амандмани.

Loading...

Како што информира претседателот на Комисијата Хусни Исмаили, службите не успеале да ги преведат сите амандмани. Тој најави дека оваа седница на Комисијата ќе биде доолнително закажана.

Измените и дополнувањата на Законот за работни односи поминаа во прво читање, кога беше констатирана потребата од нивно донесување.

Според анализите кои ги направиле предлагачите во координација со Министерството за труд и социјална политика, до крајот на годинава возрасната граница за пензионирање со 64 години ќе ја достигнат околу 6000 лица. Но, како што појаснуваат, тоа не значи дека согласно предложените законски измени сите тие ќе одат во пензија, бидејќи дел од нив веќе имаат побарано  продолжување на работниот однос. Со овие измени се предвидува прекинување на договорите за работа со 64  години возраст и 15 години пензиски стаж, доколку во друг закон не е поинаку регулирано.

– Според нашите анализи бројката на вработени како од јавен, така и од реален сектор збирно до крајот на  2020 година околу 6000 вработени ќе наполнат 64 години. Но, тоа не значи дека сите овие граѓани ќе одат во пензија. Дел од нив поднеле барање согласно актуелното законско решение до крајот на 31 август за продолжување на работниот век и после продолжување на наполнување 64 години,  а кој се однесува на следната календарска 2021 година, рече на првото читање на измените и дополнувањата Жаклина Лазаревска од СДСМ, како претставник на предлагачите.

Досега на вработените им беше оставена можност да продолжат работниот однос без притоа да се води сметка дали има потреба од тоа работно место или не. Вработениот доставувал барање и работодавачот морал да му го продолжи работниот однос. Најголем дел од барањата за продолжување на работен однос биле во јавниот сектор.

Предлагачите сметаат дека ова законско решение од една страна ќе овозможи намалување на бројот на јавната администрација, но, како што рече, за местата кои се потребни, а ќе останат испразнети ќе се отвори можност за вработување млади и квалитетни кадри и ќе се спречи нивното напуштање на земјата.

Законските измени во собраниска процедура ги поднесоа пратеници од СДСМ, во координација со Министерството за труд и социјална политика.

Loading...

Славица Стефановска


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *