Оделот за физикална медицина и рехабилитација од кумановската болница префрлен во реновирани простории

Сподели со своите пријатели

Одделот за физикална медицина и рехабилитација од кумановската општа болница е преместен во нови реновирани простории каде што претходно беше сместена ортопедската амбуланта.

Loading...

Реновирањето, како што информираа денеска од раководството на болницата е извршено со сопствени средства.

Одделот за физикална терапија, претходно 18 години беше сместен во стара барака од 1965 година.

-Просторот е пренаменет откако се преселија  хируршката и ортопедската амбуланта во новиот Ургентен хируршки центар. Употребени беа тековните материјални ресурси и човечки потенцијал, вработените. Средствата за реновирањето беа минимални. Екипата е одлична и посветена на работата и сега има добар простор за пружање на соодветна грижа на пациентите-изјави директорката на болницата, Снежана Захариева.

Одделот за физикална медицина и рехабилитација со години беше сместен во  времен објект, барака со дотраена инфраструктура, кровот прошушташе вода, условите за работа во тој објект, велат од кумановската болница, од каде потенцираат дека стандардите претходно биле субстандардни.

На одделот за физикална медицина и рехабилитација, информираше доктор Славчо Филиповски поминуваат сите возрасни категории граѓани, почнувајќи од новороденчиња, а секоја година се зголемува обемот на работа. Новите простории ќе придонесат за квалитетно пружање на здравствена нега.

Loading...

 -99 проценти од упатените пациенти ги сработуваме ние,  воопшто не ги ни препраќам  да одат на повисоко ниво.Имаме специјалистички прегледи и контроли годишно од 6 до 7.000. Оваа година досега изработени имаме 5.272 специјалистички прегледи од кои 4544 се специјалистички а 728 се контроли и мора  да кажам дека бројката ќе биде поголема. Електро терапии досега имаме завршено 120.808 тепарии, масажи 4.217, активни вежби  10.831, пасивни вежби со помош на терапевт 513. Магнет 334 и ласер терапии 3.283 со напомена дека магенетот и ласерот пациентите си ги плаќаат приватно не е на трошок на фондот и тие средства остануваат за болницата. Ги покриваме пацинетите од целиот регион, Крива Паланка, Кратово, Свети Николе, Виница-изјави Филиповски.

 На дневно ниво во ординацијата поминуваат од 50 до 60 лица.

Leave a Reply