Одбојкарките на Куманово продолжуваат со вториот дел од сезоната

Сподели со своите пријатели

Започнува пролетниот дел од одбојкарското првенство на Република Македонија во сите категории. Бранителот на двојната титула ОК Куманово во 10.коло од Сениорска лига за жени, во сабота гостува на екипата на ОК Бами Кор од Тетово.

Во есенскиот дел ОК Бами Кор ги однесе сите 3 бода од нашиот терен во Куманово, што дава уште поголем мотив девојките да им се реваншираат и да остварат 8ма последователна победа во лигата.

ОК Куманово со 7 победи и 2 пораза е на второ место на табелата со само еден бод заостаток од водечката екипа на ОК Универзитет во Тетово, која патем гостува во Куманово во следната сабота (03.03.2018 г.).

Покрај сениорките, на терен излегуваат и нашите младинки кои во недела играат бараж за пласман во ¼ финале против екипата на ОК Весна Пробиштип.

Поради збиеноста на распоредот, веќе во среда не очекува нов настап на сениорките и тоа во ¼ финале на Купот на Македонија – во одбрана на пехарот освоен во минатата сезона. Противниците ќе бидат добиени со полу-диригирана жрепка но со сигурност екипата во среда (28.02.2018 г.) ќе гостува поради подобар пласман. Потенцијални противници се екипите од 5-8 место (ОК Наковски Волеј – Струмица, ОК Виктори Волеј – Струмица, ОК УГД – Штип и ОК Пелистер Волеј – Битола).

Leave a Reply