Одбивале да носат маска, за казна копаат гробови за починати од Ковид-19

Сподели со своите пријатели

Луѓето кои одбиле да носат маски за време на пандемијата на коронавирусот, биле казнети со копање гробници за оние кои починале од Ковид-19 во индонезиската провинција Источна Јава.

„Во моментов имаме на располагање само тројца копачи на гробници, па затоа решивме да ги ангажираме оние кои одбиваат да носат маски“, рече еден од локалните политичари, пренесува Џакарта Пост.

 

Казнетите луѓе не доаѓаат во контакт со мртвите, туку работат само на копање и подготвување на гробницата, а здравствените работници во заштитни одела ги спуштаат мртвите, така што ќе се осигура дека нема изложеност на вирусот.

Индонезија во април донесе закон со кој се бара носење маски, а правилата подоцна беа заострени затоа што Источна Јава забележа голем скок на заразените во јули, кога беше утврдено дека 70 проценти од луѓето не носат маски.

Земјата досега забележа повеќе од 220.000 случаи на инфекција и скоро 9.000 смртни случаи.

Leave a Reply