Во организација на Здружение на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав на Куманово во Занаетчиски дом, вчеравечер се одржа свечена академија по повод одбележувањето на годишнината од загинувањето на народниот херој и легендарен командант Христијан Тодоровски Карпош.
Пред публиката се обрати градоначалникот на Општина Куманово, кој ја истакна неговата улога во Народноослободителната антифашистичка војна и нашата обврска да го почитуваме делото на борците кои загинаа за денешната слобода.
Во знак на благодарност и почит кон делото на Христијан Тодоровски Карпош беше одржана пригодна културно – уметничка програма со литературни творби, поеми, песни и документарен филм посветени на славниот командант од козјачкиот партизански одред.
На настанот присуствуваа претседателката со членови на Советот на Општина Куманово и претставници на општинската администрација.