Одбележана 20- годишнината од Кумановскиот договор

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, претставници на Дојче Веле од Германија и студенти од Белград и Приштина, денеска присуствуваа на дебата со која се одбележува 20 -годишнината од потпишувањето на Кумановскиот договор, со кој се стави крај на интервенцијата на НАТО врз поранешна СР Југославија.

Loading...

Пред одржување на дебатата, учесниците го посетија Аџитепе каде што ноќта помеѓу 9 и 10 јуни 1999 година е склучен – техничкиот договор, помеѓу Меѓународните безбедносни сили КФОР и Владата на Сојузна Република Југославија. Организатор на настанот е Дојче Веле во сорботка со Општина Куманово.

-Денеска во организација на Дојче веле и претставници од студентски организации од Србија и Косово, и тоа конкретно студенти родени 1999 година се во Куманово и во овој случај го одбележуваат Денот на потпишувањето на мировниот споразум помеѓу силите на КФОР и НАТО и Република Србија, се среќаваме сите на тие тешки моменти кои што ги оставаме во минатото, ова е само еден добар пример, како треба да работиме на иднината, ја поздравувам оваа иницијатива, општина Куманово излезе во пресред на иницијативата, со единствена цел да се извлечат заклучоци за младите генерации, да се одбележи овој ден, и секако да се размислува на иднината е една за сите нас, иднината е Европа, Европската унија, и сите понатамошни просперитетни политики на нашиот регион. Куманово ќе остане запаметен во историјата и по овој настан, знаете во оваа наша нова историја на Куманово ние имаме голем број на историски настани и токму овој еден е влезен во моментите кој е дебело влезен во светската историографија каде е потпишан еден голем мировен споразум-изјави градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

– Дојдовме тука во Куманово за да ја одбележиме 20-годишнината од кумановскиот договор, утрово веќе го посетивме аеродромот Аџитепе каде што беше потпишан договорот, потоа дојдовме тука собрани се две групи студенти од универзитети од Приштина и Белград тоа се 20 годишни луѓе родени точно 99 година кога е потпишан кумановскиот договор и сакавме да ги донесеме тука на дебата да дискутираат за меѓусебните односи и за нивната иднина-истакна Герда Муејер менаџер директор на Дојче веле.

Leave a Reply