Од змиски отров направен лепак што спречува крварење

Сподели со своите пријатели

Научното списание „Science Adventures“ ги објави резултатите од научните истражувања за потенцијалните лековити својства на ензимот батроксобин, кој се наоѓа во отровот на змиите, најчесто поскокот.

Loading...

Тимот се состоел од истражувачи од Универзитетот Манитоба во Канада, Западниот универзитет во Лондон и Воено-медицинскиот универзитет во кинескиот град Чонгкинг.

Кибре Маконан од Западниот универзитет изјави за CBC дека отровот од змии е познато дека убива со разредување на крвта или делување на нервниот систем и дека батроксобин предизвикува згрутчување на крвта.

– Како научници го поставивме прашањето дали можеме да направиме пресврт и да го користиме како медицински лек. Еве, успеавме да дојдеме до позитивен одговор – изјави Маконан.

Тој објасни дека во лабораторија успеале да направат лепак на база на ензими од отров од змии, кој ќе може да се користи на терен за да се запре крварењето од разни повреди.

Ензимот ќе се активира со посебен ласер или со загревање со ламбата на паметните телефони.

Истражувањата покажале дека овој тип на лепак е десет пати поефикасен од фибринскиот лепак, кој веќе се користи за медицински цели.

Новоразвиениот лепак се очекува да биде во масовна комерцијална употреба за пет години.

Loading...