Од зграда, кумановец украденото броило го монтирал на викендица

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.А.(20) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ и против И.И.(48) од с.Лојане – Кумановско (очитувач на броила во ЕВН Македонија) поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „помагање“ во врска со тешка кражба, „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување на службена исправа“.

Loading...

На почетокот на 2012 година првопријавениот во зграда на ул. „Народна револуција“ извршил тешка кражба на електрично броило, кое подоцна го монтирал и приклучил на електрична мрежа во неговата викендица на м.в. „Пчински пат“.

Второпријавениот во февруари 2012 година иако знаел дека електричното броило е украдено, изготвил работен налог во кој внел невистинити податоци, го потпишал налогот и незаконски го регистрирал како да е корисник и како електричното броило да се наоѓа на локацијата од каде е украдено


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.