Од вечерва наоблачување и пад на температурите

Сподели со своите пријатели

Пад на температурите од пет до седум степени се предвидени во метеоролошкиот билтен на УХМР за среда, со постепено наоблачување во вечерните часови.

Според метеоролозите, денес ќе се задржи сончево време, со повремен локален дожд во вечерните часови, што ќе доведе до пад на температурите во среда, и слаб до умерен ветер од западен, а подоцна и од северозападен правец.

Утринските температури денес се движеа од 3 до 9 Целзиусови степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 16 до 23 степени.

 

Loading...

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.