Од вечерва дожд и заладување, нов влажен бран за претстојниот викенд

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 15 л/м 2 ), проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево до умерено облачно време, но без услови за дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен, односно југоисточен правец.

Максималната дневна температура ќе достигне 15 степени целзиусови.

Loading...

Во текот на ножта се очекува зголемување на облачноста што ќе донесе врнежи од дожд низ кумановско.

 

 

Утре, според УХМР, ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со пообилен и пороен дожд, засилен ветер и ретки грмежи.

Во среда и четврток на планините врнежите ќе бидат од снег.

Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а нов влажен и постуден бран со врнежи од дожд, на планините од снег се очекува за време на викендот.

 

Loading...

 

Никола Ивановски

Leave a Reply