Два дена пред пристигнувањето на ковчегот со посмртните останки на кралицата Елизабета Втора во Лондон, некои граѓани веќе се наредија за да не ја пропуштат можноста да и оддадат почит на кралицата, која почина на 8 септември.
Ковчегот треба да пристигне во Лондон во среда и ќе биде поставен во салата на Вестминстер, која ќе биде отворена за јавноста, пет дена.
Вчеравечер дел од граѓаните веќе застанаа во линија која најверојатно ќе се протега на неколку километри и во која ќе има неколку стотици илјади луѓе.
Во тој дел на Лондон не е дозволено кампување, а граѓаните кои доаѓаат со себе носат столчиња на преклопување, потопла облека и храна.
Британската влада, очекувајќи долга редица, нареди зголемено обезбедување и поставување на монтажни тоалети.
Тајмс објави дека може да се очекуваат до 750.000 луѓе, потсетувајќи дека во 2002 година, повеќе од 200.000 луѓе дојдоа да му оддадат почит пред ковчегот на кралицата мајка, мајката на Елизабета Втора.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Велика Британија можете да ги прочитате ТУКА.