Од утре започнува теренско „чешлање“ на избирачкиот список

Сподели со своите пријатели

Според најавите од страна на Државната изборна комисија завршена е вкрстената проверка на податоците на гласачите со базите на десет државни институции.

Извештајот од проверката ќе се разгледува утре кога и ќе започне теренеската проверка на сите сомнителности и непоклопувања по извршените вкрстувања на податоците или пријавувањата на граѓаните.

Од Државната изборна комисија инфомираат дека веќе е завршена вкрстената проверка на податоците на гласачите од повеќе државни институции. Извештајот од оваа проверка ќе се разгледува утре, кога треба да почне и спроведувањето на теренската проверка.

Loading...

Државнта изборна комисија примила околу 5.000 пријави од граѓани за проблематични случаи за податоците. Опцијата за пријавување на нерегуларности во избирачкиот список преку интернет е веќе затворена, но истото може и натаму да се направи во подрачните одделенија на ДИК низ сите општини во државата.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.