Од утре температурите на повеќе места над 20 степени

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта преовладуваше променливо облачно време. Утрово во западните делови е ведро, а во источните има зголемена облачност. На места дува слаб до умерен, а во западните делови на повисоките места и засилен ветер од западен правец.

Loading...

Сончево со мала до умерена облачност ќе биде и во текот на целиот ден, информираат синоптичарите од Управата за хидрометеоролошки работи. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има зголемена облачност, а во западните и северните делови и локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови на места засилен ветер претежно од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 степен.

Од утре следува период на стабилно време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Максималните температури ќе бидат високи за овој период од годината и на повеќе места ќе надминувааат 20 степени.

Leave a Reply