Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Loading...
Минималните температури ќе се движат од 0 до 8, а максималните од 19 до 26 степени целзиусови.
Од сабота попладне до понеделник ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (околу30л/м 2 ) и проследени со грмежи, ветер и услови за појава на град.
Во вторник поради спуштање на постудена воздушна маса ќе дува засилен северозападен ветер, што ќе предизвика позначително опаѓање на температурите.