Од утре па до крајот на неделата повеќе сонце

Сподели со своите пријатели

Претпладне по котлините ќе има појава на магла и значителна ниска облачност и во западните делови ќе има услови за слаб дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Вдолж пошироко Повардарие ќе дува слаб до умерен северен ветер кој преку ноќта во овој регион ќе засилува.

Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен, однозно северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу еден степен над нулата, додека максималната дневна се очекува да достигне 14 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Од утре па до крајот на работната недела се очекува намалување на облачноста и повеќе сонце.

Никола Ивановски