Од утре обилни врнежи, ветер до 90 километри на час и пад на темепратурите

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во пладневните часовите најпрвин во јужните краеви од земјата и долж повардарието ќе дува претежно јужен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Максималните дневни температури ќе бидат во интервал од 13 до 18 сепени целзиусови.

Во Куманово и околината ќе имаме претежно сончево време со умерен ветер од околу 30 километри на час. Максималната дневна температура ќе се пристигне до 14-от степен, а минималната во текот на ноќта  ќе се спушти до 7 степени целзиусови.

Во понеделник брзината на ветерот на моменти ќе надминува 90 км/час. Под влијание на влажен бран во понеделник кон крајот на денот и во вторник ќе има врнежи од дожд, кои на во северните и западните делови ќе бидат пообилни. До крајот на работната недела утринските температури ќе бидат во опаѓање.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.