Од утре ќе биде пуштен сообраќајот по Искрин мост

Сподели со своите пријатели

Санацијата на двата носечки столбови на Иксин мост е завршена во предвидениот рок од 100 дена за колку што мостот на реката Пчиња на регионалниот пат Куманово – Свети Николе беше целосно затворен за сообраќај.

Loading...

 

 

Од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) за Кумановски Муабети велат дека сообраќајот ќе биде пуштен утре во попладневните часови.

– Предвидените работи за санација на критичните столбни места С5 и С6 поради кој беше затворен мостот се завршени. Во текот на утрешниот ден во попладневните часови ќе биде пуштен сообраќајот по мостот кој ќе се одвива по времениот режим на сообраќај како што беше пред да биде затворен, односно одвивањето на сообраќајот ќе биде регулирано со семафорско решение со наизменично пропуштање на возила во еден и друг правец, велат од ЈПДП.

 

Loading...

 

Семафорското решение за регулирање на мостот, појаснуваат оттаму, е неопходно заради извршување на преостанатите работи од горниот строј, бетонирање на тротоари и монтирање на нова еластична одбојна ограда.

Од Јавното претпријатие за државни патишта потенцираат дека санација на целиот мост е во завршна фаза.

Инаку мостот беше затворен во период од 100 дена, откако било утврдено дека дел од главниот носечки столб е изместен за цели 70 сантиметри при санацијата и истиот може да ја урне целата конструкција при секаков вид потрес.

 

 

Од безбедносни причини надлежните одлучија да го затворат заради безбедност на патниците.

Loading...

Во меѓувреме се користеше алтернативен пат за заобиколување на мостот, кој беше во многу лоша состојба и за кој мештаните од Которлакот постојано протестираа затоа што овој мост ги спојува десетината села со Куманово.

Целосната реконструкција на мостот се очекува да заврши кон средината на следната година и истата граѓаните ќе ги чини околу два милиони евра.

 

Никола Ивановски