Од утре до вторник пороен дожд и грмежи во попладвнените часови

Сподели со своите пријатели

Времето денес ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност и слаб ветер претежно од источен правец, информираат од УХМР.

Минималните температури ќе бидат во интервал 13 до 21 степен, додека максималните дневни ќе бсе движат од 31 до 38 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денес ќе имаме претежно сончево време со мала облачност и и слаб ветер од источен правец. Максималната дневна температура ќе достигне 34 степени целзиусови.

Од утре до вторник во попладневните часови ќе има појава на пороен дожд и грмежи, а дневните температури ќе опаднат за околу 5 степени.