Од татко со пивски стомак до фраер со мускулесто тело за само три месеци (видео)

Сподели со своите пријатели

Еден татко од Велика Британија успеал за само 12 недели целосно да го трансформира своето тело и да го доведе до совршенство, а сега ја одава тајната на успехот.

Иако во последно време се чувствува промена во ставовите и прифаќањето на телото онакво какво што е, со сите несовршености – излегда дека мускулестото тело никогаш нема да излезе од мода.

За една година ослабнала 90 килограми, но и натаму не чекори (видео)

Loading...

По 40-те години телото се враќа во форма потешко отколку во дваесетите, тоа е јасно, но Бен Џексон од Варингтон ја променил исхраната, започнал да вежна и за само 12 недели изгубил осум килограми.

Тоа можеби не звучи многу, но кога ќе се земе предвид дека го намалил процентот на масти во телото од 20 на 9, јасно е колку таа промена е голема.

Како точно успеал да го постигне тоа? Доста едноставно, вусшност. Од пита и пиво се префрлил на храна богата со протеини. Драстично го намалил внесувањето на јаглехидрати и целосно ги елиминирал алкохолните пијалоци. Покрај тоа, пет пати неделно вежба во теретана.

На стјуардеса и ја намалиле платата поради килажата: Ми рекоа дека сум премногу дебела

Неговите оброци рпед овој режим на исхрана се сведувале на рбза храна, чоколада и газирани пијалоци.

– Многу мажи кои преминале 45 години повеќе не се трудат и својот пивски стомак и виснати мускули ги прифаќаат како природен процес на стареење. Но, ако вложите труд и внимавате на исхраната, ќе видите дека не е доцна да изградите мускули и да го вратите онаа тело што сте го имале во дваесетите години, вели Џексон.

Од самиот изглед, поважно е што со ваква исхрана и редовно вежбање значително ќе влијаете на своето здравје.