Од случајот со порно ѕвезда до заговор против САД: За што е обвинет Доналд Трамп?

Сподели со своите пријатели

Има толку многу процеси против поранешниот американски претседател Доналд Трамп што судовите имаат проблеми со координирањето на датумите.

Loading...

Доколку биде прогласен за виновен, може да заврши во затвор. Доколку стане претседател, би можел да се помилува, пишува Дојче веле.

Иако на Доналд Трамп не му пречат суперлативи кога се работи за него, тој веројатно би сакал овој да го заобиколи: тој е првиот поранешен претседател на САД кој е обвинет за наводни злосторства за време на неговиот мандат.

Покрај тоа, тој треба да се соочи со неколку граѓански тужби.

Политички, барем кај републиканците, ништо од тоа не му наштети – во анкетите е многу пред другите во трката за претседателска кандидатура.

Од друга страна, настапите на Трамп во суд на изборите во 2024 година ќе бидат постојан медиумски фокус, што може да му наштети меѓу неопределените гласачи.

Па, за што е обвинет 77-годишниот Доналд Трамп?

Случајот на порно ѕвездата „Сторми Даниелс“

Од 2016 година, откако првпат се кандидираше за претседател на САД, тој и неговиот тим го следат случајот Сторми Даниелс.

Поранешната порно ѕвезда, чие вистинско име е Стефани Клифорд, вели дека имала кратка врска со Трамп во 2006 година. Тој тоа го негира.

Loading...

Непосредно пред изборите, тогашниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен, уплатил 130.000 долари на сметката на Стефани Клифорд, веројатно за да ја спречи јавно да зборува за Трамп.

Подоцна тој износ на адвокатот му бил вратен од семејната компанија Трамп.

По првичното демантирање, Трамп призна дека исплатата била извршена.

Плаќањето пари за тие цели само по себе не е нелегално во Њујорк.

Но, според њујоршкото обвинителство, Трамп 34 пати фалсификувал деловни документи за да ги прикрие плаќањата.

Тој, исто така, ги прекршил законите за финансирање на изборната кампања.

Обвинението е поднесено оваа пролет, а судењето треба да започне во мај 2024 година.

Адвокатот Мајкл Коен беше осуден на три години затвор во 2018 година.

Loading...

Во текот на судскиот процес, меѓу другото, тој се изјасни за виновен за незаконско финансирање на изборната кампања.

Коен, сепак, кој има важна улога во судскиот процес против Трамп, има проблем со кредибилитетот: признавањето дека ја лажел јавноста и американскиот Конгрес покажува опортунистички однос кон вистината, односно дека не бега од лаги.

Значи важното прашање е: дали жирито во Њујорк ќе му поверува.

Случајот на авторката Е. Џин Керол

Обвинувањата на авторката Е. Џин Керол датираат уште подалеку.

Во 2019 година, таа го обвини дека ја силувал во стоковна куќа во 1996 година.

Во мај 2023 година, поротата го отфрли тоа тврдење, но го прогласи за виновен за сексуален напад и клевета, а на авторката ѝ беа доделени пет милиони долари отштета.

Трамп потоа ја тужеше Керол за клевета, но ја загуби таа тужба на почетокот на август.

А потоа Керол поднела уште една тужба против Трамп, бидејќи тој ја навредувал на CNN по првата пресуда.

Loading...

Тој процес (за клевета) треба да започне во средината на јануари 2024 година.

Случајот на фризирање на билансот во државата Њујорк

Трамп секогаш ги преувеличува своите успеси и ги потценува своите неуспеси.

На тој начин тој и неговите деца, Доналд Јуниор, Ерик и Иванка, очигледно се занимавале со бизнис.

Обвинителката на државата Њујорк Летиција Џејмс во септември 2022 година ги обвини за кршење на различни закони на државата Њујорк, вклучително и сметководствена измама, фалсификување, измама во осигурувањето и заговор за извршување на такви дела.

Измамата се состои во тоа што пријавените ги прикажале своите финансии како поголеми или помали, се во зависност од потребата, за полесно да добијат кредити, да плаќаат пониски камати или да плаќаат помали даноци.

Во нејзиното обвинение, Џејмс наведува 200 лажни или погрешни проценки на имотот во период од десет години за кои таа бара казни во вкупна вредност од 250 милиони долари.

Loading...

Таа, исто така, сака на семејството Трамп трајно да му биде забрането да работи во државата Њујорк.

Во јуни, апелациониот суд ги отфрли обвиненијата против Иванка Трамп како застарени.

Почетокот на судењето на таткото и синовите Трамп е закажан за октомври 2023 година.

Документи со доверлива содржина

Во јануари 2021 година, во времето кога ја напушти Белата куќа, Трамп зел со себе кутии со доверливи документи и ги ставил на различни места во неговата палата во Мар-а-Лаго, Флорида.

Loading...

Кутиите, меѓу другото, наводно биле во сала за бал, бања и туш.

Наводно, меѓу тие документи се и оние поврзани со националната одбрана и нуклеарните капацитети на друга земја.

Некои документи се класифицирани со највисоко ниво на доверливост.

А дополнителното обвинение гласи: Трамп ги покажал документите на други луѓе.

Според специјалниот истражител Џек Смит, Трамп прекршил цела низа закони, па затоа обвинението има 40 точки. Ова го вклучува фактот дека Трамп ја попречи истрагата со тоа што му наложи на персоналот да ги уништи можните докази. Трамп не е единствениот обвинет, со него на обвинителна клупа ќе бидат и двајца вработени. Почетокот на судењето е закажан за мај 2024 година.

Loading...

Заговор против САД и изборниот закон

Второто обвинение против Трамп пред федералниот суд – покрај претходниот случај со доверливи документи – се однесува на настаните околу признавањето на резултатите од претседателските избори одржани во ноември 2020 година, кои кулминираа на 6 јануари 2021 година со насилниот влез на толпа граѓани во Капитол, американскиот парламент.

Обидите на Трамп да ја негира победата на Џозеф Бајден, да се прогласи за победник на изборите и да ја спречи потврдата, односно легализацијата на изборниот резултат, се оценети како „заговор“ по вкупно четири точки: заговор за измама на САД, заговор за спречување на официјалната потврда на изборната победа на Бајден на 6 јануари 2021 година и заговор против изборниот закон.

Обвинението од 45 страници дава слика на заговор во Белата куќа.

Со недели имаше обиди за притисок врз пратениците и другите кои официјално беа вклучени во организирањето на изборите.

Се размислуваше и за создавање лажни списоци на гласачи на Трамп кои би можеле да ги поништат изборните резултати во Конгресот.

И покрај тоа што знаеше како стојат работите, Трамп ширеше лажни тврдења за изборите и ги инструментализираше луѓето во Министерството за правда да го сторат истото.

Loading...

Ако поротата го прогласи за виновен, дури и по една точка од обвинението, Трамп би можел да биде зад решетки многу години.

Трамп смета дека овој процес е политички мотивиран и, според набљудувачите, игра време.

Доколку тој биде реизбран за претседател пред да биде изречена пресудата, тој би можел да го принуди Министерството за правда да ги отфрли обвиненијата.

Можеби ќе може дури и да се помилува, бидејќи тоа е федерален закон. Трамп веќе ги напаѓа судиите и јурисдикцијата на судот и бара промени. Сепак, набљудувачите сметаат дека има мали шанси да успеат во тоа.

Џорџија: притисок врз министерот да најде гласови

Не помалку експлозивно, ако не и поопасно за Трамп е обвинението во државата Џорџија, исто така за заговор за промена на резултатите од изборите во 2020.

Loading...

На 2 јануари 2021 година, во сега веќе легендарниот телефонски разговор, Трамп го принуди министерот Бред Рафенспергер некако да му најдат уште 11.780 гласови.

Имено, толку гласови му биле потребни на Трамп за да освои во Џорџија. Снимка од разговорот подоцна беше објавена од Вашингтон пост.

Рафенспергер, по функција нешто слично како министер за внатрешни работи, беше одговорен за надзор на гласањето.

Пред истражниот комитет на Претставничкиот дом за нападот на Капитол, тој опиша колкав притисок вршел врз него од тимот на Трамп во тие денови.

Слични изјави дадоа и многумина кои помогнаа да се одржат изборите, а тимот на Трамп ги обвини дека манипулира со изборите.

Покрај Трамп, 18 други лица се обвинети за заговор и давање лажни изјави за изборните резултати, меѓу кои и поранешниот адвокат на Трамп и поранешен градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани.

Трамп е обвинет во Џорџија, меѓу другото, според законот наменет за случаи на организиран криминал, вклучително и судења за мафијаши.

Доколку биде прогласен за виновен, минималната казна е пет, а максималната 20 години затвор.