Од следниот месец сертификатот за вакцинација ќе важи само ако сте примиле две дози вакцина

Сподели со своите пријатели

Сертификатот за вакцинација од октомври ќе важи само доколку сте примиле две дози на вакцината против коронавирусот, најави вчера министерот за здравство Венко Филипче.

Loading...

Доколку граѓаните сакаат да одат во рестораните, кафулињата и трговските центри, или да присуствуваат на спортски и културни собири ќе мора да имаат примено две дози од вакцината, наместо како досега што важеше правилото дека ќе се признае доколку е примена најмалку една доза.

Филипче нагласи дека потребата од дополнителни мерки ќе зависи од состојбата со бројот на новите случаи на Ковид-19.

Никола Ивановски