Од што најмногу се плашат Американците?

Сподели со своите пријатели

Американците најмногу се плашат од корупција меѓу властите, сајбер напади, тероризам и напади на различни компании во нивните лични податоци – покажува истражувањето кое ширум САД го спроведе Универзитетот Чапман.

Loading...

Истражувањето покажува дека Американците меѓу десетте најголеми стравови не ги споменуваа опасностите на кои се повикуваат Пентагон или Белата куќа – Русија, еболата и Исламската држава. Тие се пласирани значително пониско на листата на стравовите.

Од корупција во владата стравуваат 58% од анкетираните, од сајбаер напади 46%, а од неовластен напад на личните податоци 44% од полнолетните испитаници. Од билошка воја стравуваат дури 41% од анкетираните, а од економски колапс 39%.

Меѓу најголемите стравови на Американците се и кредитите и губењето пари.