Од сега на Косово патувајте само со лична карта

Сподели со своите пријатели

Македонија и Косово вчера потпишаа спогодба за условите за патување на своите државјани со кои се предвидува преминување на државната граница со биометриски лични карти, доколку станува збор за краток престј, како и протокол за начинот з аизградба и отворање на нив заеднички граничен премин за меѓународен патен сообраќај „Белановце – Станчиќ“.

Во текот на вчерашниот ден министерот за надворешнир аботи на Република Македонија, Никола Попоски беше во работна посета на Косово, каде се сретна со заменик претседателот на Владата на Република Косово и министер за надворешни работи Хашим Тачи каде се разговарало за севкупната билатерална и регионална соработка помеѓу Македонија и Косово со посебен акцент во делот на економијата, безбедноста и инфраструктурата.

Попоски оствари и средба со Енвер Хоџај, претседател на Комисијата за надворешна политика на косовскиот парламент, соопшти Министерството за надворешни работи.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.