ОД РЕВОЛУЦИОНЕРНОТО МИНАТО: „Е, мој Кумановац“

Сподели со своите пријатели

Единиците на XVII македонска бригада се наоѓале на прагот на Куманово, и тоа на просторот помеѓу „Аџитепе“ и Спомен Костурница. Бидејќи немало потребни податоци за непријателот, за големината и распоредот на нивните сили, командантот и комесарот на Третиот баталјон му поставиле задача на Спиро Зафировски Фартунац да ги собере.

Loading...

По кратката пдоготовка, облечен во стари селски алишта, тргнал кон градот на 10 ноември 1944 година околу 6 часот. Не смеел да го користи Врањскиот пат, па се упатил по реката Којнарка. Одеднаш, двајца бугарски војници, облечени во кожувчиња и со автомати во раце, го запреле и го прашале од каде е и каде оди. Им рекол дека е од селото Табановце, и дека оди в град кај брат му. Неколкуте зборови за него биле многу и за среќа, успеал брзо да се ослободи од нив.

Се приближил до „Брадина воденица“, а потоа преку бавчи дошол до куќата на Денко „Бугарин“. Со него се познавале и порано. Го прашал да му каже што знае за Германците, каде се наоѓаат, а особено го интереисрал правецот на нивниот напад.

Тој, колку шот знаел, рекол дека главно се движат со борни коли и камиони, и тоа ноќно време, дека заминале на кај „Аџитепе“ и дека секој ден се движеле многу коли во двата правци. Му рекол да не оди в град оти секој час минувале Германци, а имало и повеќе патроли.

Но, Фартанац не сакал да го послуша, бил упорен во тоа дека треба да стигне во градот. Иако тој го советувал да оди преку бавчите и паркот и да излезе кај џамијата, тргнал по патот за Куманово и само што стигнал до фурната, од аголот се појавиле двајца германски војници со автомати.

Бидејќи повеќе не смеел да се враќа назад, продолжил право кон нив. Едниот од вајцата го запрел и поќнал нешто да му зборува на германски. Тој не разбрал ништо. Знаел дека и војниците не го разбрале, но сепак како да одговорил дека оди кај болниот брат.

Војникот му ги претресол дисаѓите и облеката, а потоа, откако не пронашол ништо, со рака покажал каде може да оди, удирајќи го со нога во задникот.

Откако го поминал мостот на реката Кумановка, го изменил планот и се откажал да оди в град, бидејќи сакал да се врати кај вујко му Владе „Багламар“.

Loading...

Ја потурнал вратата, но таа била затворена и никој не се јавил. Улиците биле пусти, немало никој по нив, владеел притаен мир пред денот на слободата.

Решил да се врати назад во баталјонот. Веднаш се јавил кај командантот и комесарот и откако ги запознал со податоците што ги прибрал за непријателот, им рекол за она што му се случило.

Комесарот, кој бил на извесен начин во повеќе ситуации духовит, понал да се смее, велејќи: „Е, мој кумановац, да те заробеа Германците ќе доиеја повеќе податоци од тебе, отколку се твоите за нив“.

На 11 ноември изутрината се слушнале неколку силни експлозии. На сите им било јасно дека Германците се подготвуваат да се повлечат од Куманово.

Најпрвин во градот влегле I и IV, а нешто подоцна и II и III баталјон на XVII македонска бригада.

Според пишувањето на: Спиро Зафировски – Фартунац

Извор: „Наш весник“ – 30 октомври 1970 година

Leave a Reply