Од полноќ повторно нови цени на горивата

Сподели со своите пријатели

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,84% во однос на одлуката од 1.09.2022 година.

Loading...

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,215 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Македонија и Хрватска ќе го дорегулираат договорот за одбегнување на двојното даночење

Од 3.9.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 90,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 99,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 97,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 52,740 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,754%, кај дизелот за 2,619%, кај екстра лесното масло за 2,034% и кај мазутот намалување за 2,505%.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Промоција на книга „Лебед“ од Ана Стојаноска во Куманово

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,132%.

Loading...

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 3.9.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, информираат од РКЕ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кои се најголемите 100 работодавачи во Македонија?