Од полноќ повисоки цени на нафтените деривати

Сподели со своите пријатели

Од ноќеска на полноќ нафтените деривати ќе се продаваат по нова цена и тоа бензините ќе поскапат за 2,5 денери по литар, додека дизел горивата ќе поскапат за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати за 7,85, односно за 4,43 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,50, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 62,50 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 45, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 33,50 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,139 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и сега ќе изнесува 16,837 денари за килограм.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 11,63 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 1,408 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.