Од полноќ поскапи цени на нафтените деривати во Македонија

Сподели со своите пријатели

Од ноќеска на полноќ нафтените деривати во Република Македонија ќе се продаваат по нови цени, односно ќе има поскапување од 0,5 дениари за бензинот и два денари по литар за дизелот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Така со новите цени литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 58, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 60 денари, додека овата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 41 денар.

За два денара поскапува и екстра лесното масло за домаќинство и ќе чини 29,5 денари за литар, а цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,389 денари за килограм и ќе изнесува 15,246 денари.

Регулаторната комисија за енергетика поскапувањата ги оправдува врз основа на движењата на цената на суровата нафта на светскиот пазар и курсот на денарот  во однос на доларот во изминатите 14 дена, а оваа цена ќе важи во наредните две недели.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.