Од полноќ нови цени на нафтените деривати

Сподели со своите пријатели

Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на нафтените деривати со кои од ноќеска ќе се продаваат во државата.

Loading...

Цената на ЕУРОСУПЕР БС 95 од полноќ ќе биде 62,5 денари по литар, а на ЕУРОСУПЕР БС 98 64,5 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛОТ ќе се точи по стара цена од 49,5 денари за литар.

Половина денар поскапо ќе биде и екстра лесното масло за домаќинство со што неговата цена ќе биде 38,5 денари за литар.

Мазутот па поевтинува за 0,526 денари и новата цена изнесува 20,787 денари за килограм.

Цената на дизелот останува иста.