Од полноќ нови цени на горивата

Сподели со своите пријатели

Поскапуваат горивата од вечерва на полноќ, соопшти Регултаротна комисија за енергетика.

Loading...

Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се зголемува за 1 денар, и од утре ќе чини 82,5 денари по литар. Цената на ЕУРОСУПЕР 98 се зголеува за 1 денар и ќе чини 84,5 денари по литар.

Раст на цената и на ЕУРОДИЗЕЛ за 0,5 денари, и со новата цена од утре ќе изнесува 78,5 денари по литар.

Поскапува и екстра лесното масло од 77 на 78 денари, додека цената на мазутот се зголемува за 0,7 денари и според новата цена ќе се продава за 42 денари по литар.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колкава е излезноста во Липково до 9 часот?