Од полноќ нови цени на горивата

Сподели со своите пријатели

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,47 % во однос на одлуката од 20.1.2023 година.

Loading...

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,230%, кај дизелот за 0,888%, кај екстра лесното масло за 0,799% и кај мазутот за 0,848%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,102%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,228 ден/кг и сега ќе изнесува 41,042 ден/кг.

Од 24.1.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин​​ЕУРОСУПЕР БС – 95​​​ 83,00 (денари/литар)

Loading...

Моторен бензин​ ​ЕУРОСУПЕР БС – 98​​​ 85,00​ (денари/литар)

Дизел гориво​​​ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)​ ​ 84,00 (денари/литар)

Масло за горење​​Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)​​ 83,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС​​​​​​​​​​​​ ​ 41,042 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 24.1.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.