Од полноќ горивата со пониски цени

Сподели со своите пријатели

За половина, односно еден денари, од ноќеска на полноќ поевтинуваат нафтените деривати, соопшти Регулаторнта комисија за енергетика

Цените на „Еуросупер БС-95“ и „Еуросупер БС-98“ се намалуваат за еден денар. Со тоа новата цена на „Бс-95“ ќе изнесува 69,5 денари за литар, додека „БС-98“ ќе се продава за 71,5 денари/литар.

Loading...

Дизелот поевтинува за половина денар и новата цена ќе изнесува 61,5 денари за литар, додека пак по цена од 51 денар ќе се продава Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), кое исто така поевтинува за половина денар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,914 денари и новата цена ќе изнесува 34,167 денари за килограм.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *