Од полноќ горивата со поевтина цена

Сподели со своите пријатели

Од ноќеска на полноќ бензините и дизел горивата ќе се продаваат за еден денар по литар помалку, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Loading...

Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати за 3,46, односно 2,02 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 64, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 49,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 38 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,57 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и сега ќе изнесува 21,313 денари за килограм.

Како причина за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 5,83 отсто пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 1,406 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.