Од петок забрана за тешки товарни возила во одредени периоди

Сподели со своите пријатели

Од петок, 1ви јули стапува на сила движењето на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на викендите и при екстремно високи температури.

Забраната ќе важи во петок од 17 до 22 часот, во сабота од 9 до 18, а во недела од 9 до 22 часот, согласно одлуката за привремен сообраќаен режим во летниот период.

Министерсвото за здравство ќе ги доредува деновите кога ќе важи забраната поарди екстремно високи темпераутри, кога возачите нема да можат да управуваат со возилата во период од 11 до 17 часот.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе,хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за „Државни патишта“.