Од ноќва големо поксапување на горивата во Македонија

Сподели со своите пријатели

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 14,27% во однос на одлуката од 2.3.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 13,384%, кај дизелот за 36,134%, кај екстра лесното масло за 32,102% и кај мазутот зголемувањето е за 27,870%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,9444%.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Швајцарците одлучија на референдум да ja заштитат готовината

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 5,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 14,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 12,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 7,044 ден/кг и сега ќе изнесува 42,586 ден/кг.

Од 10.3.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Новите цени ќе изгледаат вака:

– Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,50 (денари/литар)

– Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,50 (денари/литар)

– Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 85,50 (денари/литар)

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Цените на нафтата експлодираа: Барелот надмина 110 долари

– Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 82,50 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС 42,586 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 10.3.2025 година.

Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Никола Ивановски