Од ноќеска поскапуваат нафтените деривати

Сподели со своите пријатели

Во согласност со методологијата која Регулаторната Комисија за Енергетика ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени се зголемуваат за 2.28 проценти.

Преведено во цени, тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за 1 денар, и еден литар од овие горива ќе чини 62.00 односно 63.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото исто така се зголемува за 1 денар, и еден литар дизел гориво ќе чини 48.00 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.