Од мала била опседната со играчки, а сега се труди да стане една од нив

Сподели со своите пријатели

Некои се обидуваат да станат познати актери или пејачки, но Блонди Бенет (46) од Малибу, Калифорнија, очајно сака да стане жива Барбика. Од мала е опседната со барбики, а веќе 28 години се обидува да стане една од нив со пластични операции.

Loading...

Кога била тинејџерка постојано ја избелувала косата и правела се што прави барбика, а возела дури и кабриолет.

 

 

 

-Моите пријатели мислеа дека тоа е само фаза, но јас им реков дека ќе станам барбика штом ќе се отселам од дома. Бев принуденада живеам двоен живот додека не почнав да ги игнорирам мислењата на другите луѓе, изјави Блонди во интервју за Дејли Мејл.

За да го постигне „совршениот“ изглед на Барби, таа досега потрошила 130 илјади долари на пластични операции, а нејзините гради кои се нејзиниот најсилен адут сега тежат над 20 килограми.

Loading...

 

 

Блонди за прв пат направила пластична операција како тинејџерка кога и го отстраниле салото од образите за да и ги истакнат јаготките, а за 18-от роденден за првпат отишла на пластична операција на градите.

Но, освен за пластична хирургија, оваа сина барбика пред неколку години потрошила пари и на хипнотерапија, со цел да стане што е можно позбунета и глупава. Била подложена на околу 20 хипнотерапии и рече дека многу и помогнале. Тоа го забележала особено кога и биле потребни три часа да ја најде куќата на нејзината мајка.

 

 

Loading...

„Сакам луѓето да ме гледаат како пластична барбика, а за тоа морам да бидам малку глупава“, рекла таа.

Сега таа ја заменила хипнотерапијата со кревање тегови и пиење протеини за да стане единствената мускулеста барбика.

Како што изјавила во интервју за каналот на Јутуб, од слаба Барбика се претворила во мускулеста барби кралица.

 

 

– Сакам да изгледам екстремно, како суперхеројот Барби. Сакам да имам големи гради и голем задник – нагласи таа во видеото.

Блонди во последните неколку години вели дека станала фит кралица – помускулеста е и попластична. Го стегна лицето, ги подигна усните и образите.

Loading...

 

 

Таа ги вежба нозете двапати неделно, јаде многу и собира пари за операции од партнерите на кои им испраќа слики облечена како барбика. Ја поддржуваат во тоа и и испраќаат пари за операции.