Од Македонец Бугарин не бидува, им порача Максим Димитриевски на Џамбаски и Костадинов

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот Димитриевски по изјавите на Џамбаски и Костадинов, со уникатна реакција упати порака до нив, до нивните истомисленици но и до власта:

Loading...

“По повод вчерашните олигофренски* изјави на дваицата европратеници (имињата не им ги помнам) од БНД соседна Бугарија сакам да ги поздравам нив дваицата а и останатите нивни истомисленици со една песна од прекрасна Тракија.
– Веројатно еден ден ќе разберете дека Македонија била е и ќе биде Македонска а од Македонец Бугарин не биднува, ниту Србин а најмалку пак Грк.
Во Бугарија се среќаваме и дружиме со луѓе кои се искрени наши пријатели, ја почитуваат Македонија во целост и нејзината посебност и не се оптеретени со шовинистички ставови на поединци кои немаат сила во бугарското општество да освојат гласови ниту за едно пратеничко место во парламентот.
– Една порака и до власта, “Вашиот молк е повеќе и од срам” во било која демократска држава за вакви навреди се одговара за уривање на уставниот поредок и поттикнување на национална нетрпеливост, не ни очекувам повеќе од вас, поради тоа набргу ќе бидете сменети.
– Слава и на македонката Бунева!
* – збор од странска граматика” истакна Димитриевски.