Од кумановскиот затвор започна пописот на населението (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Од казнено поправната установа Затвор „К’шање“ во Куманово започна процесот на пописот на населението. Од денеска па во следните две недели ќе бидат попишани 2.200 осудени и притворени лица во целата држава.

Loading...

 

 

Процесот се одвива во најдобар ред и според правилата и протоколите од надлежните институции, рече денеска министерот за правда Бојан Маричиќ кој изврши увид во текот на процесот.

– Би упатил порака до граѓаните, дека ова е многу важна операција и да ги повикам активно да придонесат за развојот на сопствената држава. Собирањето на овие информации е корисно за сите за да можеме да ги креираме политиките и во образовна, економска, здравствена смисла и сите аспекти. Сите дискусии завршија минатата недела кога и Евростат верификуваше со јавна изјава дека и Законот за попис и методологијата се направени согласно највисоките стандарди, рече Маричиќ.

 

Loading...

 

Единствена држава сме која 20 години нема попис, вели министерот, кој рече дека е дојдено време со заеднички сили и учество на сите граѓани да ги добиеме вистинските информации за да се креираат добри политики.

 

 

Од денес како што информираше директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, активна е апликација за самопопишување во странство.

– Добиваме информации дека нашите граѓани од странство ја користат максимално. Да посакаме успех на целата операција и да повторам и јас ова е операција која е во интерес на сите граѓани на оваа држава, да ја завршиме како што треба корист ќе имаат сите, ако правиме проблем да одбиваме попишување и да затвораме врата на попишувачите си правиме проблеми самите на себе, рече Симовски.

Четири овластени попишувачи ќе ги попишуваат затворениците во следните две недели, рече директорот на Управата за извршување санкции Марјан Спасовски.

Loading...

 

 

Откако ќе започне процесот на попишување и на останатиот дел од населението, оние кои одбиваат да даваат податоци или ќе дадат лажни податоци ќе добијат казни од 200 до 300 евра. Оние пак кои учествуваат во пописот и евентуално ги злоупотребат податоците ќе се соочат и со затворска казна до пет години.

 

 

Освен затворениците од денеска се попишуваат македонските дипломати во странство и нивните семејства, војската, бездомниците и дијаспората.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply