Од денеска па во наредните две недели Македонија ќе биде домаќин на воената вежба „Dragoon Guardian 17“ која на воениот полиготн Криволак ќе ја спроведуваат вкупно 300 американски војници и 95 припадници на АРМ со вкупно 120 воено-инжинерски возила.
Loading...
Вежбата од Куманово денеска ја прогласија за отпочната министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и амбасадорот на САД во Република Македонија, Џез Бејли.
„Dragoon Guardian 17“ е одлична можност за зајакнување на билатералната сорабтка меѓу Армијата на Република Македонија и вооружените сили на САД, унапредување на взаемното разбирање и доверба, подобрување на интероперабилноста на нашите единици како и прилика за размена на искуствата и развивање на стандардните оперативни процедури на инжинерските и други единици за изведување на операции вор азлични услови и местоположба на воиштето, реафирмирање на взаемната соработка со Командата на Комнени сили на САД за Европа и земјите партнери. Во текот на вежбата војниците на двете армии ќе имаат можност да изведуваат заедничка обука за обезбедување мобилност и справување со импровизирани експлозивни направи, з аобезбедување на медицинска поддршка, а воедно ќе имаат и можност да учествуваат во изградба на времена полетно-слетна патека за беспилотни летала, најави министерката Шеќеринска.
Гледајќи ја амбициозната програма за вежбата која е плод на заеднички напо на припадниците на АРМ и нивните американски колеги, уверена сум дека и оваа вежба ќе биде одлична можност за зајакнување на подготвеноста на нашите единици, ќе придонесе кон подобрување на интероперабилноста и ќе ја приближи АРМ кон високите критериуми на нашите партнери од САД – рече Шеќеринска.
Министерството за одбрана ќе продолжува да вложува напори за меѓународно промовирање на воениот полигон Криволак.
Заедничките вежби ја зближуваат Македонија кон НАТО. Важно е да се напомене дека членството во НАТО не е нешто за што само се зборува. Преку билатерални обуки и вежби и преку настани и операции поддржани од НАТО, ние и помагаме на Македонија да се подготви за полноправно членство во НАТО – рече американскиот амбасадор Бејли.
Според командатот на ЗОК, бригадниот генерал Зоран Милески самата вежба е одлична можност за подобрување и унапредување на тактитките, техниките и процедурите на македонските единици.
Со реализација на вежбата припадниците на инжинерискиот баталјон ќе ги надградуваат способностите за детекција идентификација и неутрализација на импровизираните експлозивни направи со што ќе ја зголемат способноста за мобилност на борбените елементи – рече Милевски.
Свое обраќње пред граѓаните и војниците имаше и градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски.
Особена чест и задоволство ми претставува што денеска градот Куманови и јас како градоначалник сме домаќини на оваа голема и знајачјна приредба, значаен настан за нашиот град. Денешниот настан е дел од програмата за вежбата на Армијата на Република Македонија и вооружените сили на Соединетите Американски Држави и се одржува за прв пат пред жителите на најголемата општина во Република Македонија – рече Дамјановски.
Loading...
Куманово е само еден од шесте градови каде, двете армии ќе изложат воена опрема и возила кои граѓаните ќе може да ги запознаат одблизу и да разговараат со војниците.
Loading...
Loading...
Loading...
Loading...
Loading...
Loading...
Loading...