Од коските на својот починат вујко направил гитара: „Сега вујко ми може да свири засекогаш“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Музичар кој се нарекува себеси Принц Миднајт го направил еден од најбизарните „инструменти“ некогаш видени – тој направил електрична гитара од коските на неговиот покоен вујко.

Loading...

Како што рекол самиот „принц“, неговиот чичко Филип го вовел во светот на жанрот метал и бидејќи кремацијата не се гледа поволно во Грција (од каде е), тој решил вака да го овековечи својот чичко.

Инаку, скелетот на Филип бил дониран на локалното медицинско училиште за да можат студентите да учат таму, а кога веќе не им бил потребен, го вратиле на неговото семејство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Prince Midnight (@princemidnightx)

Како што можете да видите, Принц Миднајт користел поголем дел од скелетот за да направи електрична гитара, што е целосно функционална.

„Сега вујко ми може да свири засекогаш. Тој би го сакал тоа, и јас сум многу горд на она што го направив”, изјави креаторот на овој инструмент за порталот Унилад.

 

Loading...

Leave a Reply