Од колешки до најдобри пријателки: Еве зошто е добро да имате другарка на работа

Сподели со своите пријатели

Колку и да се трудите работата да остане само работа, без нови блиски пријателства или изнесување приватни работи за себе, тоа баш и не е така едноставно, затоа што човекот е општествено суштество. Затоа секому од нас би одговарало на работа да имаме колешка со која ќе се дружиме и приватно, за да ни биде полесно да ги надминеме стресните ситуации или барем да имаме со кого да зборуваме на паузата за ручек.

Loading...

Навистина не е неопходно работното време да ви биде монотоно и напорно, потребно е само да пронајдете личност која ќе одговара на вашиот сензибилитет и се ќе биде во ред.

Кога ви е пријатно во работното опкружување, имате со кого да размените некој збор, но и насмевка, денот минува помалку стресно и се е далеку попродуктивно, затоа што се чувствувате пријатно, без онаа досадно чувство на тензија, кога размислувате само за крајот на работното време.

Кога имате најдобра другарка на работа, таа секогаш:

1. Ќе ги поддржува вашти работни идеи

Скоро секогаш сте несигурни, како вашата идеја ќе биде прифатена, но кога знаете дека имате некого на својата страна, се е неспоредливо полесно.

2. Инсистирате на пауза кога навистина ви е потребна

Доколку вашата колешка види дека сте изморени, ќе ви донесе кафе и ќе ве повика да поразговарате десетина минути, за да го рестеретите мозокот од напорната работа. Покрај тоа, ако сте забележале дека и останатите колеги имаат слични интереси и смисла за хумор како и вас, можете да го проширите друштвото и да уживате во секоја пауза, а нар абота ќе се вратите со насмевка и полни со енергија.

Loading...

3. Ќе ве сослуша

Колку апти ви се случило некој во канцеларијата да ве извади од такт, но дека немате со кого тоа да го споделите. Таа секогаш ќе биде тука да ве сослуша, поддржи, но и посоветува, особено ако е подолго вработена од вас на тоа работно место и точно знае, како пред кого треба да се постави.

Ако со неа се разбирате во текот на работниот ден и уживате во разговорот, набргу, таа ќе ви стане најдобра пријателка, надвор од работата, оа ќе уживате во најразлични заеднички аквитности и ќе разменувате дури и најинтимни тајни.

Leave a Reply