Од каде доаѓаат болките во грбот и како да ги спречите?

Сподели со своите пријатели

Знаете ли дека ако од праг или повисоко скалило се наведнете и кренете кофа со 10 литри вода, тоа ќе претставува притисок или напон од околу 750 килограми врз најниските вратни прешлени и на пршлените при карличната коска близу т.н. опашка?

Loading...

Грбот не може да издржи такво малтретирање, а речиси секоја физичка активност во животот е поврзана со товар.

Германската агенција ДПА предупредува на опасностите и дава совети како да се справиме со болките во грбот и половината.

Според германската статистика болките во грбот и во половината се едни од најчестите поплаки меѓу луѓето. Во голема мера тие се должат на лошата поза при седењето и неправилно користење на грбот наместо нозете при кревање на тешки предмети.

 

 

Според експертите значаен фактор е и тоа дека должината на животот на луѓето во развиениот свет расте постојано заедно со активните години од нивниот живот, а тоа значи дека повеќе време  рбетот е изложен на стрес.

Loading...

Освен тоа седечкиот начин на живот е вистински бум за ‘рбетниот систем, потсетуваат тие, а голем дел од луѓето во Западна Европа и САД со денови поминуваат пред компјутер. Тоа се комбинира и со епидемијата на прекумерна тежина и дебелината, која расте во Европа и Америка, а дополнителните килограми го оптоваруваат крстот уште повеќе.

Дури и емоционален стрес има влијание врз грбот и болката, дополнуваат експертите. Едно од изразувањата на стресот може да ги напрегнува мускулите околу ‘рбетот и кога состојбата е продолжена, а тоа може да стане постојано, речиси хронична тензија, која како болката ќе генерира уште стрес и магичниот круг ќе се затвори.

Специјалистите користат метафора за рбетот како едрење брод со јарбол, кој се стабилизира со јажиња. Во човечкото тело улогата на стабилизација на јажињата кои ја поддржуваат целата конструкција здрава и права, ја играат мускулите. И исто како јажињата – мускулите треба да се одржуваат во добра и цврста форма.

 

 

Најдобро пркосејќи му на магичниот круг на болка и стрес се физичките вежби и спортувањето, но исто така и мерките за душевниот мир и намалувањето на нивото на стресот.

Соодветни спортови за ослободување на напнатоста во грбот се пливање, возење велосипед, јога или што ви е пријатно, додека ви раздвижува.

Loading...

Во никој случај не се препорачуваатк спортови или активностите кои предизвикуваат повеќе болка отколку олеснување. Каква ќе биде реакцијата кон различните видови оптеретувања е индивидуална работа.

Освен со физичките вежби, човек треба да вложи грижи и за одмор на кичмата, а тоа е да си обезбеди добар душек, и тоа повторно е целосно лично чувство – за жал, нема заеднички рецепт.

 

 

Но луѓето да не згрешат дека  за пет минути во продавница ќе се разбере дали еден душек е вистинскиот или не. Да не се веруваат во изборот веднаш или да се договорат на можност за враќање, во случај дека не е добар, препорачуваат Германците.

И уште едно задолжително нешто за здравјето на ‘рбетот се удобните чевли, категорични се експертите. Од одот и позата може да доаѓаат голем дел од болките, па секакви табани и влошки, ја абсорбираат тензијата при одење и затоа се препорачува да се носат.