Од денеска постепен пораст на температурите

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во средината на денот облачноста ќе се зголеми. Минималните температури ќе се движат од 9 до 15 степени, додека максималните вредни ќе бидат во интервал од 22 до 30 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува слаб ветер од северен правец, а максималната дневна температура ќе достигне 27 степени целзиусови.

Од утре започнува период на стабилно време со постојан пораст на дневната температура, која во деновите од викендот на повеќе места ќе надмине 35 степени. УВ индексот во наредните денови повторно ќе има многу високи вредности. На средината на неделата краткотрајно ќе дува јужуне ветер, инаку ветерот ќе остане постојано од северен или североисточен правец.