Од денеска поскапо гориво во регионот: Каде најмногу скокнаа цените?

Сподели со своите пријатели

Од денеска поскапеа горивата во Црна Гора, Словенија, Хрватска и Македонија.

Loading...

Во следните 14 дена, почнувајќи од 31 јануари, литар бензин во Словенија ќе се наплаќа по 1,35 евра (претходно 1,28 евра), а литар дизел 1,52 евра (претходно 1,48 евра), објави веб-страницата 24ур.

Од денеска поскапуваат горивата и во Црна Гора. Како што соопшти црногорското Министерство за капитални инвестиции, литар еуросупер 95 ќе чини 1,48 евра, а литар еуросупер 98 1,52 евра. Еуродизелот ќе чини 1,53 евра за литар, а мазутот 1,56 евра, пренесува РТЦГ.

Истата ситуација е и во Македонија. Литар Еуросупер од полноќ чини 84 денари за литар (1.36 евра), Еуросупер 98 ќе се продава за 86 денари (1.39 евра), а Еуродизел за 84,5 денари (1.40 евра).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Македонскиот е мал народ, но голем во срцето

Во Хрватска Еуросупер 95 од денеска чини 1,41 евро за литар, а дизелот 1,51 евро.