Од денеска попладне услови за дожд

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла или ниска облачност по котлините, информираат од Управата за хидромеотеоролошки работи.

Loading...

Попладне, во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ нови цени на горивата

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи околу 4 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 13 степени целзиусови.

Loading...

 

 

Според УХМР, од денеска попладне времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Утринските температури од среда насекаде ќе бидат над нулата, а дневните без позначителни промени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денеска започнуваат Божиќните пости

 

Никола Ивановски

Loading...