Од денеска нови мерки во Грција: Ова се правилата!

Сподели со своите пријатели

Во Грција денеска стапуваат на сила новите мерки за запирање на порастот на нови инфекции, хоспитализации и смртни случаи од Ковид 19 пред божиќните празници.

Loading...

Според новите правила објавени од премиерот и владините претставници минатата недела, луѓето кои не биле вакцинирани против вирусот или немаат валиден сертификат дека го прележале ковид – 19 повеќе нема да смеат да влегуваат во затворени места како што се кина, театри, музеи и спортски сали, објави грчкиот весник „Катимерини“.

Работното време е исто така приспособено за да се ограничи влијанието на шпицот врз јавниот превоз, при што продавниците на мало се отвораат во 10 часот, а канцелариските работници работат во различни смени.